Екипата на Академија Пандев го освои трофејот во Купот на Македонија во пионерска конкуренција, откако во финалето во Охрид со минимални 1-0 го совлада Вардар.

Моментот на одлука за победникот падна во финишот од натпреварот, кога фудбалерите на Академија Пандев погодија по една добро одработена тимска акција.

Во конкуренција на помлади пионери триумфираше Шкендија која после изведувањето на пенали го совлада Работнички.

Финалните натпревари во Купот ќе завршат утре со мечевите од петлињата и помалите петлиња.

OhridNews