Кичевски Напредок како аутсајдер патува на мегдан на Металург во првиот натпревар од полуфиналето во македонскиот национален Куп.

Напредок по серијата одлични резултати претпре тежок пораз од Работнички на домашен терен со 5-0. Поразот добро ќе им дојде на “ѓаолите“ за да се спуштат на земја пред одлучувачките мечеви во купот и во шампионатот.


Во досегашните пресметки и Металург и Напредок славеа како гости. Од Металург порачуваат дека нема да дозволат да бидат изненадени и посакуваат солидна предност за реваншот на 4 мај.

– Купот е посебно натпреварување и тоа го прави привлечен. Посакуваме да влеземе во самата завршница и доколку имаме шанси и да го освоиме пехарот. Свесни сме дека нема да биде лесно.  Се работи за цврста екипа, која во првенството не изненади токму во Железарница – вели тренерот на Металург Жикица Тасевски.


Во останатото полуфинале бранителот Тетекс ќе гостува кај единствениот второлигаш меѓу четирите најдобри Тиквеш.

Двојки за денеска (16.00 ч.): Тиквеш – Тетекс, Металург – Напредок.

Ohridnews