Екипата на Барселона на Ноу Камп со 2-0 го совлада градскиот ривал Еспањол и си вкупен резултат (2-1) обезбеди пласман во полуфиналето во Купот на Шпанија. Двата голови вредни пласман понатаму фудбалерите на Барселона ги постигнаа во првата третина од натпреварот. Во 9-та минута Луис Суарез го отвори резултатот, а во 25-та Лионел Меси зголеми на 2-0. 

Победата и пласманот понатаму на Барселона ги зачини Филипе Кутињо кој го запиша првиот настап за клубот од Ноу Камп. Бразилецот кој во Барселона премина од Ливерпул за 160 милиони евра во игра влезе во 68-та минута на местото од Андрес Иниеста и со громогласни аплаузи беше поздравен и пречекан на теренот. 

Барселона е четвртиот полуфиналист. Претходно пласман во ТОП 4 обезбедија Севиља, Легањес и Валенсија.

OhridNews