Во првиот натпревар од четвртфинална група заврши епизодата на охридскиот ракометен клуб во Купот на Македонија. Пресилен противник за „гладијаторите“ беше Еурофарм Работник кој славеше со високи 34-20 (19-10).

Разликата во квалитет излезе на виделина уште во првиот дел кога ракометарите на Еурофарм Работник кои се организатори на четвртфиналната група се одлепија на девет голови. Во второто полувреме прилика добија сите ракометари, а домаќините не пропуштија да ја зголемат предноста и пласманот во финалето да го заверат со убедлива победа 39-20.

Последна пречка за Еурофарм Работник пред пласман на Ф4 во Купот на Македонија е тимот на Вардар Јуниор кој со 32-24 го совлада Астраион.

OhridNews