Составот на Фени Индустри му се придружи на Карпош Соколи меѓу најдобрите четири во Купот на Македонија, откако го совлада тимот на АВ Охрид во 1/4 финалето со 112-69 (24-12, 28-19, 34-20, 26-18)


Мотивираноста на стартот од мечот на кавадарчани им донесе двоцифрена предноста на семафорот по првите десет минути игра (24-12).

Во вториот период кошаркарите на Фени Индустри ја зголемија разликата за дополнителни девет поени за водство од 52-31 на полувремето.

Со ист ритам „домаќините“ продолжија и во третата четвртина и стигнаа до највисоки 86-94 на натпреварот.

Последните десет минути беа чиста формалност и избраниците на Љупчо Малинков со рутинска игра го заверија триумфот и пласманот меѓу најдобрите четири.


Во составот на АВ Охрид најмногу се истакна дебитантот Девин Брукс со 37 поени, а во победничкиот тим најпрецизен беше Матија Чешковиќ со 20-ет вкупно кошеви.

Фени Индустри во полуфиналето ќе се сретне со подобриот од четвртфиналниот меч меѓу МЗТ Скопје и Кожув кој на програмата е во 20:30 часот.

OhridNews