Фудбалерите на Охрид имаа успешна премиера во новата сезона поминувајќи ја првата фаза во Купот на Македонија. „Рибарите“ на Стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид ја елиминираа струмичка Беласица со 5-4 на пенали, откако регуларниот дел од мечот заврши без победник 1-1. Во пенал рулетот херој на охриѓани беше голманот Оливер Митрески кој скроти еден удар од противниците а фудбалерите маестрално ја завршија својата работа постигнувајќи пет голови од исто толку обиди. Погледнете!

OhridNews

 

ФК Охрид преку пенали во 1/8 финале од купот на Македонија