Куп натпреварот од првата рунда меѓу подмладоците на Охрид и Македонија ЃП, беше одложен од страна на Фудбалската федерација на Македонија. Во известувањето кое ФФМ го испратила до охридскиот клуб се вели дека повеќе играчи на младинските селекции на Македонија ЃП се затруени со храна и натпреварот е одложен.


Од охридскиот клуб се сомневаат во исправноста на ваквата одлука, откако во понеделникот младинскиот погон на “лавовите“ беше дел од турнирот кој во Прилеп се играше по повод празникот 11 Октомври.


Во полуфиналето Македонија ЃП загуби од Партизан со 7-1, а покрај овие два тима учество на турнирот зедоа домаќинот 11 Октомври и скопски Металург.

OhridNews