Марјан Лазовски е новиот тренер на најтрофејниот македонски клуб Работнички., пишува веб порталот ekipa.mk. Лазовски доаѓа на местото на Марјан Србиновски кој по поразот од Лирија ја напушти клупата на “Сити Парк бојс“.

Актуелниот помошник на македонскиот селектор Докузовски, во својата кариера е познат како “куп освојувач“ а тоа му појде од рака и со охридскиот Амак СП.

Со тимот од “градскиот парк“ популарниот “Маки“ ќе има доста работа, пред се психолошки да ја подигне екипата која се уште чека на првата победа во сезоната.

Единствената победа ја забележаа во супер купот кога го совладаа актуелниот првак Фени Индустри.

Ohridnews