Минимален триумф 1-0 на двократниот освојувач на купот, Силекс против Охрид на натпреварот од 16 финалето во националниот куп на “Билјанини Извори“ во Охрид.


Стрелец на единствениот гол вреден осмина финале беше Зарески на старотот на мечот во 10 минута.  Офанзивниот Бошкоскисе проби и  нафрли од десната страна во срцето на шеснеасетикот, каде највисок во скокот беше  Заревски, кој го глава ја смеси топката во мрежата на “рибарите“.

По примениот гол “белите“ се обидуваа да стигнат до изедначување но гостите не им дозволија да се разиграат. Натпреварот во првите 45 минути  мина во игра по средината на теренот, а сликата многу не се промени ниту во второто полуврме.

Кратовци “љубоморно“ го чуваа своето водство, кое не беше загрозено до самиот финиш од мечот. Тогаш охриѓани се заканаа преку капитенот Клечкароски, кој “распали“ од слободен удар но потесната одбрана на кратовци од гол линијата спречи радост на домашните навивачи.

Мх.П.