МЗТ Скопје е новиот сопственик на трофејот од Купот на Македонија. “Металците“ во финалето го “растурија“ Фени Индустри со 84-66 (26-18, 20-16, 21-14, 17-18), и ја освоија петтата титулата.

После пауза од 12 години, навивачите на МЗТ Скопје се радуваат на титулата во Купот. Најпрецизен во победничкиот табор со 22 поени е репрезентативецот Чековски, а со 18 кошеви поранешниот кошаркар на АМАК СП, Џарид Фрај беше најефикасен во екипата на Фени Индустри.

Мх.П.