Ракометарите на Охрид загубија од Вардар 23:24 во драматичен и неизвесен натпревар во финалето од Купот на Македонија што се одигра синоќа во Струмица.

Охрид го имаше последниот напад но не успеа да реализира за израмнување, откако капитенот Ојлески се обиде да асистира за цепелин, а Јагуриноски направи престап.

Болен пораз. Штета ова можеше да биде наша вечер. Покрај сите повреди на полувреме го изгубивме и Стрмљан кој доколку го имавме во игра до крај убеден сум дека исходот би бил поинаков. Но тоа е што е, честитки на Вардар за трофејот, изјави по мечот тренерот Борис Ројевиќ.

Охрид на натпреварот го бодреа верните “Рибари” и стотина симпатизери кои направија извонредна атмосфера.

Фото галерија:

OhridNews

Фото: Горан Момироски