Во Струмица денеска ќе се одиграат финалните натпревари од купот на Македонија во машка и женска конкуренција. Очите на охридската јавност се свртени кон машкото финале во кое ќе се сретнат екипите на ГРК Охрид и Вардар 1961.
Лидерот на табелата во Супер лигата Вардар важи за фаворит, но Охрид го има моментумот по триумфот над се уште актуелниот првак Еурофарм Пелистер во првенството и полуфиналето од купот. Охриѓани се свесни за тежината на натпреварот и најавуваат дека ќе дадат се од себе во финалето од купот.
Не очекува тежок натпревар во финалето од купот со екипата Вардар. Верувам дека ќе биде возбудлив натпревар во кој двете екипи ќе дадат се од себе и нека победи подобриот. За Вардар не треба многу да се зборува, сите знаеме за каква екипа се работи, а ние се надеваме дека ќе им ги измешаме математиките, вели пивотот на Охрид Џанфранко Прибетиќ.
Натпреварот помеѓу ГРК Охрид и Вардар 1961 почнува во 20 часот.
Претходно во 17 часот ќе се одигра финалето од Купот на Македонија во женска конкуренција во кое се среќаваат Македонија ЃП и Спартак.
Г.М.














