Ракометарите на Охрид убедливо го совладаа Тиквеш 25:42 во првото полуфинале од групата В од Купот на Македонија и во недела ќе играат за пласман на фајнал фор турнирот.

Тилен Стрмљан во акција. Фото: Анамарија Момироска I OhridNews

Вечерва во салата „Билјанини извори“ улогата на домаќин ја имаше екипата на Тиквеш, но кавадарчани не можеа да парираат на расположениот Охрид кој диктираше темпо во текот на целиот натпревар и оствари висок триумф.

Најефикасен во редовите на Охрид беше Прибетиќ со 9 гола, а голманот Ѓорѓески имаше 8 одбрани.

Статистика ГРК Охрид: Пилиповиќ (4 одбрани-, Ѓорѓески (8 одбрани), Борозан 4, Стрмљан 3, Ојлески 3, Јагуриноски, Кукуловски 1, Ристески, Тасески, Реј, Саврески 2, Лиапис 5, Петриќ 7, Ѓукиќ 4, Ќосевски 4, Прибетиќ 9.

Во второто полуфинале од В групата од Купот на Македонија што се игра во салата „Билјанини извори“, во недела од 13 часот се среќаваат екипите на Куманово и Младост.

Финалето е исто така во недела, со почеток во 18 часот.

Фото галерија:

Охрид убедлив во куп натпреварот со Тиквеш

Г.М.
Фото: А. Момироска