Екипата на Охрид Лихнидос доживеа елиминација во полуфиналето од Купот на Македонија. Во реваншот одигран вчера во Кратово, Силекс со голот на Додев од пенал го совлада Охрид со 1:0. Првиот натпревар во Охрид заврши нерешено 1:1.
Во финалето се пласира и Шкендија од Тетово која славеше на гости кај Шкендија Арачиново со 2:0 и со вкупни 5:2 обезбеди меч за трофејот во Купот на Македонија.
Г.М.














