Екипите на Охрид Лихнидос и Силекс одиграа нерешено 1:1 во првиот полуфинален натпревар од Купот на Македонија во фудбал што се одигра попладнево на СРЦ “Билјанини извори”.

Охрид поведе со голот на Глигоров во финишот на првиот дел, на што Силекс возврати преку Алиќ.

Одлуката околу патникот во финалето ќе биде познат по одигрување на реваншот што ќе се одигра во Кратово.

Во второто полуфинале Шкендија Тетово славеше над Шкендија Арачиново 3:2.

Г.М.