Утрешните возбудувања во македонскиот фудбал се резервирани за мечевите во Купот на Македонија. На програмата се натпреварите од првата рунда односно 1/16 финалето.

Сите очи на охридската јавност ќе бидат вперени на СРЦ „Билјанини Извори“ каде екипата на Охрид ќе го пречека составот на Ренова. „Гипсарите“ се изразити фаворити, но „рибарите“ ќе имаат задача да дадат се од себе и да се надеваат на изненадување.

Сефте во елитниот мак-фудбал сезонава ќе има арбитарот Мишо Ѓорѓиески. Охриѓанецот ќе ја дели правдата во Битола на мечот помеѓу Пелистер и Љуботен. Мечевите се играат во 15:30 часот.

Во 1/16 финалето слободни се екипите Шкендија, Академија Пандев, Брегалница и Струга Трим Лум, кои минатата сезона беа дел од полуфиналето.

Двојки:

Вардар Форино – Вардар

Охрид – Ренова

Силекс – Лабуништа

Силекс – Тетекс

Кит Го – Скопје

Македонија ЃП – Победа

Пелистер – Љуботен

Саса – Борец

Гостивар – Тиквеш

Велазерими – Работнички

Велешта – Кожув

Слога – Шкупи

Росоман – Беласица

OhridNews