Лидерот во првата македонска фудбалска лига Вардар го продолжи атакот на двојна круна откако обезбеди пласман во 1/2 финалето од Купот на Македонија. Фенерџијата во шампионатот 11 Октомври триумфираше на градскиот стадион во Струга со 2-1,  победа која не беше доволна да им осигура влез на прилепчани меѓу најдобрите четири.

Натпреварот очекувано започна со надмудрувања на средината на теренот, првата прилика ја имаше Вардар, десниот бек Илиевски центрираше а Ранѓеловиќ ја погоди гредата од голот на Коруноски.  

Во вторите 45 минути прилепчани се отворија и тргнаа на “се или ништо“, таквата игра вроди со плод во 52 минута, Вељановски го совлада Симов по асистинцијата на ново влезениот Спиркоски.  Погодокот на 11 Октовмри ги разбуди фудбалерите во “црвено црн“ дрес, скопјани заиграа ангажирано и агресивно, тоа се исплатеше во 80-та минута кога Петров го изнедначи резултатот на 1-1.

Во финишот на мечот дефанзивецот на Вардар, Вајс го собори Мојсоски во казнетиот простор. Главниот арбитар Крстевски не се двоумеше и покажа на белата точка. Најстрогата казна во гол ја претвори корпулетниот Гешоски кој донесе пирова победа за 11 Октовмри.

Пласман во 1/2 финалето изборија уште Хоризонт Турново и Ренова, а “големата“ четворка ќе се комплетира по дуелот Напредок – Работнички кој е закажан за 16 ноември.

Мх.П.