Во просториите на Кошаркаската федерација на Македонија, беа извлечени двојките за 1/8 финалето во Купот. Прва пречка за бранителот на трофејот Работнички е Торус додека МЗТ Скопје ќе се сретне со Вардар. Шампионот во супер лигата, Фени Индустри го доби аутсајдерот Кожув, а Куманово ќе му се спротистави на Лирија.


Завршницата од Купот на Македонија се игра на 23, 24 и 25 март, во спортската арена “Борис Трајковски“.

Мх.П.