Ракометниот натпревар од 16-та рунда помеѓу Охрид 2011 – Ѓорче Петров е одложен, поради КУП мечевите, кои се на програмата викендов. “Гладијаторите“ по победа над Струга, обезбедија пласман во 1/4 финалните групи.


Избраниците на Андоновски во групата се наоѓаат со Тинекс Пролет, Драчево и Младост 09. Се игра по Бергеров систем, а распоредот на натпреваритe и местото на одигрување дополнително ќе биде одредено.

Бранителот на трофејот Металург и Вардар Про во Купот ќе се приклучат во 1/2 финалето додека во другите групи се наоѓаат :

Група 1
1.Тинекс Пролет
2.Младост 09
3.Охрид 2011
4.Драчево

Група 2
1.Пелистер 08
2.Борец
3.Радовиш

Група 3
1.Металург Јуниор
2.ГРК Кавадарци
3.О.Поле МИ

Група 4
1.Зомимак
2.Битола
3.Куманово
4.Преспа 10

Победниците од групите, играат уште еднаш во група, а на двете второпласирани екипи му се приклучуваат Металург и Вардар Про.

Мх.П.