Форматот на играње во Купот на Македонија ќе претрпи мали измени, откако пред стартот на сезоната зголемен беше бројот на екипи учеснички во Супер и Првата лига.

Наместо со 1/4 финални групи, мечевите во Купот на Македонија ќе стартуваат со елиминациски натпревари. Суперлигашите заедно со Вардар и Еурофарм Пелистер ќе бидат носители во ждрепката и ќе играат против прволигашите. Во елиминациска фаза ќе се игра само еден натпревар, најверојатно кај прволигашите.

Победниците од 16-те натпревари потоа ќе бидат распределени во четири групи по четири екипи. Првопласираните од четирите групи обезбедуваат пласман во финалната завршница.

Елиминациската фаза на програмата ќе биде на крајот од овој месец (24/25) февруари. Четвртфиналните групи ќе се одиграат 31 март/1 април, а финалната завршница од 21 до 23 мај.

OhridNews