Екипата на Работнички е четвртиот патник во 1/2 финалето од Купот на Македонија. Фудбалерите на Работнички му приредија топло добре дојде на “старо новиот“ стратег Ѓоре Јованоски откако извојуваа победа над Напредок во Кичево со 3-0 и со севкупни 7-1 обезбедија пласман во најдобрите четири.

Со погодоците на Петковски и Савиќ во првиот дел “романтичарите“ ги решија сите дилеми околку патникот во 1/2 финалето. Печат на победата стави Петковски со неговиот втор погодок на натпреварот.

Во 1/2 финалето пласман обезбедија уште лидерот на табелата Вардар, Ренова и Хоризонт Турново.

Мх.П.