Полуфиналните дуели од ракометниот Куп на Македонија, добија очекуван епилог. За златниот пехар во финалето ќе се борат “лутите“ ривали Металург и Вардар Про.

Во првиот 1/2 финален натпревар, “црвено црните“ го прегазија Пелистер со 42-17 и во финалето против Металург ќе го бркаат осмиот трофеј во 14-то финале.

Лидерот во шампионатот, Металург немаше посериозно проблеми со инфериорниот тим на Куманово совладувајќи го со 33-10.

Финалето на програмата е в недела во 17:30 часот, а се игра во салата Борис Трајковски.

Мх.П.