Шкендија претрпе голем удар во походот кон одбрана на титулата во Купот на Македонија, откако на домашен терен во Тетово претрпе пораз од прилепска Победа (1-0) во првиот меч од 1/4 финалето.

Победа одново беше нерешлива енигма за освојувачот на двојната круна во македонскиот фудбал. Шкендија пораз на домашен терен од прилепчани претрпе и во Првата лига. Тогаш резултатот беше 2-0. На четвртфиналниот меч човек на одлука беше Макота кој пред крајот на првиот дел го постигна единствениот погодок.

Најдобар резултат во првите четвртфиналните натпревар обезбеди Беласица која на гостински терен во Кратово го совлада Силекс 2-0. Домашниот терен го искористија Македонија Ѓорче Петров и Академија Пандев кои славеа над Работнички (1-0) односно Кораб (3-1).

Реванш мечевите се закажани на 5 декември.

Резултати: Шкендија – Победа 0-1, Академија Пандев – Кораб 3-1, Македонија ЃП – Работнички 1-0, Силекс – Беласица 0-2

OhridNews