Водечкиот тим во Серија А, Наполи имаше непосакуван почеток на Новата 2018 година. „Азурите“ пред своите гледачи загубија (2-1) од Аталанта во 1/4 финалето од Купот на Италија.
Во првото полувреме мрежите мируваа, а во вториот дел прв поведе гостинскиот состав со погодокот на Тимоти Кастење. Фудбалерите на Аталанта на десеттина минути до крајот од мечот ја дуплираа предноста преку Алесандро Гомез. Во финишот „азурите“ го намалија водството со погодокот на Мертенс, но не успеаја да се извлечат од пораз и елиминација.
Во 1/2 финалето претходно пласман обезбедија Милан и Лацио, а четвртиот патник ќе се дознае после средбата помеѓу Јувентус и Торино.
OhridNews