Фудбалер на одлука беше Филип Петров, кој постигна погодок од корнер по нафрлувањето на Степановиќ во 79-та минута од натпреварот.
Домаќините во текот на сите деведесет минути не се заканаа посериозно кон голот на Захов, кој немаше премногу работа на голот од “црвено црните“.
На другата страна Вардар одигра тактички, стрпливо чекајќи ја својата шанса. По корнерот на Степановиќ, комплетната одбрана на Пелистер “заспа“ а Петров со глава ја проследи топката во мрежата.
Најдобрата прилика за погодок во првиот дел ја имаше Гешоски, но голманот на битолчани Коруноски беше одлично поставен и без проблеми го скроти ударот на робусниот напаѓач.
Натпреварот под “Тумбе кафе“ беше одигран пред 2000 гледачи и фантастачна атмосфера, благодарение на навивачката група “Чкембари“ кои во целиот натпревар не ги штедеа грлата да ја бодрат екипата на Пелистер.
Реванш мечевите од четвртфиналето во Купот на Македонија се играат в среда на 21 ноевмри.