Охридските кадети убедливо со 3-0 го совладаа скопски Вардар во првата рунда од националниот куп натпреварување.


Охриѓани до полувремето имаа солидна залиха со
головите на Мартин Нически и автоголот на “црвено-црните“. Победата ја
завери Меритон Мерко со погодокот во вториот дел.

“Црвено-црните“ ни оддалеку не очекуваа ваков “нокдаун“ да претрпат од избраниците на Аце Вељаноски кои по триумфот над Вардар се едни од главните фаворити за освојување на трофејот во Купот.

М.П.