Со дуелот помеѓу Вардар – Еуромилк комплетирани се осминафиналните натпревари од Купот на Македонија. “Црвено црните“ во првиот меч очекувано славеа над второлигашот Еуромилк со 2-0. Стрелци на головите беа Стојаковиќ и Петров во првиот дел од мечот.

Реванш натпреварите од Купот на Македонија се играат на 26-ти септември. Во првите натпревари постигнати се следниве резултати :

Резултати :

11 Октомври  – Ренова 0-5
Пелистер  – Баби 5-0
Металург  – Х. Турново 3-3
Шкендија  – Брегалница 1-0
Локомотива   – Тетекс 0-2
Башкими   – Силекс 0-1
Победа Ј.   – Дрита 0-0

Мх.П.