СВР Охрид поднесе кривична пријава против 45-годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Охриѓанецот, во текот на јануари минатата година, со жител на струшкото село Радолишта склучил усмен договор за купопродажба на патнички автомобил. Но, пријавениот не извршил целосна исплата на договорената цена со што на оштетениот му причинил материјална штета од 615.000 денари.