По налог на комуналната инспекција, денес, екипи од  „Јавна хигиена” при Ј.П. „Охридски комуналец” го расчистуваа просторот кај влезот на Охрид, кај познатата „петља”, каде имаше големи количини расфрлан и намерно депониран комунален отпад.

Од јавното претпријатие повторно со апел населението да не создава диви депонии и дека за поголеми количини отпад да се јават во службите на јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ за подигање на истиот.

OhridNews