Трофејот во Купот на Македонија ќе добие нов сопственик, откако бранителот на титулата Шкендија мечевите ги заврши во 1/4 финалето. Неприминлива пречка за тетовчани беше Победа која со вкупен резултат (3-0) избори пласман во полуфиналето.

На стадионот „Тумбе Кафе“ во Битола, Победа со победа (2-0) и без примен погодок на најдобар можен начин ја задржа минималната предност (1-0) од првиот меч во Тетово. Прилепчани со елиминацијата на Шкендија и пласманот во ТОП 4 малку го обелија образот за слабата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Помеѓу четирите најдобри пласман обезбедија уште Беласица, Македонија Ѓорче Петров и Академија Пандев.

Резултати: Беласица – Силекс 2-0 (2-0), Кораб – Академија Пандев 1-6 (1-3), Работнички – Македонија ЃП 0-1 (), Победа – Шкендија 2-0 (1-0).

Во заградите се резултатите од првите натпревари. По пат на ждрепка ќе бидат одредени полуфиналните двојки во Купот на Македонија.

OhridNews
Фото: Гол.мк