Првиот оперативец на федерацијата Дејан Лекиќ ги потврди договорите со Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти во Охрид, односно со арената “Билјанини извори”.
– Имаме договор со раководството на салата ‘Билјанини извори’. Тука нема ништо спорно. Ја добивме салата на користење во тие четири дена, исто како што ќе ја имаме на располагање и за ЕП од Дивизијата ‘Б’ за кошаркарки ‘под 20’ години. Извесно е дека Федерацијата ќе се вклучи во организацијата.
Ако минатата година беше година на ракометот, годинава тоа сигруно ќе биде година на кошарката.
Кошаркаските возбудувања ќе се започнат со завршницата на купот на која на едно место ќе биде собрано најдоброто во Македонија, а потоа следува разврската во плеј офот. Летото е резервирано за Европското Првенство во Б дивизијата , додека возбудувањата ќе кулминираат со Трофејот Македонија во Август на кој ќе настапат Македонија, Полска, Србија и Русија.