Неколку илјади посетители се очекуваат во охридското село Куратица за традиционалниот карневал по повод празникот Василица.
Карневалот започнува на 13 ти јануари во 17:00 часот со палење на василичарскиот оган и посета на сите домови во селото. Главната манифестација е следниот ден, 14 ти јануари во 17:00 ч . кога ќе се одржи дефилето под маски.
Посетителите ќе се загреваат со околу 1000 литри вино и 400 литри ракија, што ги обезбеди организаторот, а манифестацијата ќе биде збогатена со настап на групата Маестрал од Битола и Елена Велевска.
Карневалот завршува на 14-ти јануари вечерта со прогласување на најдобрите маски.
OhridNews