Куратица се подготвува за годинешниот Василичарски карневал. Со денови животот во ова село пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има дваесет и четири годишна традиција. Жителите ги привршуваат последните подготовки, набавка на дрва за василичарскиот оган, се дотеруваат маските кои ги подготвуваат со многу внимание. Секоја различна и уникатна, велат од Здружение на граѓани Св. Василиј и Месна заедница Куратица.

Програмата ќе започне на 13-ти јануари во 18:00 часот со тргнување на василичарската поворка од пред васличарскиот оган, во посета на сите домаќинства, а околу 04:00 часот завршува посетата на сите домаќинства. На 14-ти јануари од 18:00 часот ќе настапи КУД Фаланга-Лескоец, а во 19:00 часот започнува музичкиот дел со Оркестар Маестрал-Битола и Дарко Стојаноски. Празнувањето со дефиле на маските е во 20:30 часот. Во 22:30 часот следи прогласување на најдобрите детски и возрасни маски, проследено со огномет, а во 01:00 часот привршуваат василичарските празнувања, велат во соопштението.

Додаваат дека сите кои нема да се можност да присуствуваат, ќе можат истиот да го следат во живо на 2 ССтудио. Воедно упатуваат покана до сите да бидат дел од традиција стара 500 години пренесувана од колено на колено.

OhridNews