Снегот кој деновиве наврна во Куратица предизвика проблеми поради големите наноси и ненавременото чистење на патот кој води до ова село, информираат од месната заедница од селото.

Тие со апел до претпријатието со кое постигнале согласност за чистење на снегот тоа да го направат што поскоро затоа што станува збор за специфична планинска инфраструктура.

–    При контактот со надлежното претпријатие со кое е постигната согласност за чистење на патот до крајов на годинава,  ни беше каажно дека не непланираат тоа да го прават поради досегашна неисплата кон него. Сепак постигната е согласност и  договор за чистење на патот до крајот на 2012 и  треба да се почитува, со оглед на потребата од постојана патна комуникација на оваа рурална средина, вели претседателот на МЗ Куратица, Горан Ангелоски.
 
Од МЗ со барање и до локалната самоуправа да го реши проблемот што поскоро.

OhridNews