Канцеларот на Република Австрија, Себастијан Курц, денеска е во официјална посета на Република Македонија. Според најавите, австриската делегација предводена од канцеларот Курц ќе биде свечено пречекана на платото пред Владата.
Како што информираат од Владата, австрискиот канцелар Себастијан Курц и претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, ќе одржат заедничка прес-конференција.