Курсевите ќе траат до 10 декември, а заинтересираните можат секојдневно да се пријавуваат во просториите на Регионалната канцеларија на синдикатот која се наоѓа во зградата Ремис 2, на булеварот „Туристичка“.
Како што потенцира потпретседателот на канцеларијата и координатор на проектот, Благоја Иваноски, ваквите проекти за помош на невработени ќе продолжат и во идниот период.
Курсевите се бесплатни, а се дел од проектот за развој на туризмот и угостителството кој се реализира со помош на Христијанскиот синдикат на Холандија .