Асоцијацијата за туристички водичи на Македонија заедно со швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) објавија оглас за интензивни курсеви за изучување странски јазици по промотивна цена, наменети за туристички водичи.

Интензивните курсеви во времетраење од седум недели се организираат во Скопје и Охрид. Вклучуваат изучување на францускиот, германскиот, италјанскиот, холандскиот и полскиот јазик.

огласот за интензивно учење на јазик

Како што објаснуваат организаторите, целта е туристичките водичи да ја искористат можноста на најбрз начин да се стекнат со доволно познавање на јазикот, преку повеќе вежби и со зголемување на стручниот фонд на зборови кои ќе им бидат неопходни при водењето.

Крајниот рок за пријавување е 5-ти ноември до 16 часот.

OhridNews