Белгискиот чувар на мрежата, Тибо Куртоа го навлече гневот од навивачите на Челси, откако во интервју за шпанскиот весник „Марка“ откри дека сака да се врати назад во Шпанија односно во тимот на Атлетико Мадрид.


Куртоа, потекнува од фудбалска школа на Генк, а пред да се пресели во Челси во 2014 година три сезони го чуваше голот на Атлетико Мадрид.

– Сакам да се вратам во Шпанија. Кога го напуштив Атлетико падна во голема депресија. Воопшто не ми беше лесно, плачев со денови бидејќи неможев да ја поднесам промената. Атлетико е фамилијарен клуб и знам дека се уште таму ме сакаат и почитуваат како од првиот ден. – изјавил Куртоа.

Првиот избор на голманската позиција на Стемфорд Бриџ важечки договор со клубот има до 2018 година. Тој до тогаш сигурно останува во Лондон, а за потоа времето ќе покаже.

OhridNews