Најдобриот голман од Мундијалот во Русија, Тибо Куртоа одби да се врати во Челси и да и се приклучи на екипата во финалните подготовки за почетокот од новата сезона во Премиер лигата.

Ваквиот расплет на околностите го загрижува новиот менаџер Маурицио Сари кој од самиот старт на тренерската авантура работи без најдобрите играчи, бидејќи Еден Азард, Куртоа и Бразилецот Вилијан добија поштеда поради настапот на Светското првенство во Русија.

Сари изјави дека сака да разговара лично со Куртоа и не го интересира неговиот агент кој форсира трансфер во Реал Мадрид. – Јас имам исклучиво работа со играчите и со нив соработувам, а не со агентите. Мене во екипата ми требаат силно мотивирани момци.

Челси во најбрз можен рок мора да реши што ќе прави со Куртоа, бидејќи летниот преоден рок во англискиот фудбал завршува на 9 август во четврток.

OhridNews