На Тибо Куртоа му се исполни желбата и го засили европскиот првак Реал Мадрид со кој потпиша шестогодишен договор, а Челси веднаш најде негова замена ангажирајќи го Кепа Аризабалага од тимот на Атлетик Билбао.

„Кралевите“ за услугите на Куртоа на „сините“ ќе им исплатат 35 милиони евра, а во зделката учествуваше и Матео Ковачиќ кој ќе помине една сезона на позајмица во дресот на Челси.

Лондонскиот премиерлигаш за ангажман на Аризабалага потрошија цело богаство плаќајќи го неверојатно 80 милиони евра со кои стана рекордер во модерниот фудбал.

До крајот на летниот преоден рок во Премиер лигата остануваат нешто повеќе од 24 часа и се очекува клубовите да се фрлат во трансфер офанзива.

OhridNews