Играчот на Ливерпул, Фелипе Кутињо е избран за најдобар бразилски фудбалер во Европа. Кутињо во изборот на новинарите и поранешни фудбалери освоил 32 отсто од гласовите.

Фелипе Кутињо ја прекина доминацијата на Нејмар во изборот за најдобар Бразилец кој настапува во Европа. Кутињо освои 32 отсто од гласовите и победи пред Нејмар, кој беше најдобар во претходните две години и фудбалерот на Реал, Каземиро.

Кутињо во кариерата играл за Васко де Гама, Еспањол и Интер, за националниот тим на Бразил одиграл 23 натпревари и постигнал шест голови.

OhridNews