Барселона на својот стадион „Ноу Камп“ го претстави Филипе Кутињо после завршување на трансферот кој ќе го одбележи овој зимскиот преоден рок во светскиот фудбал. Каталонците за услугите на Бразилецот на Ливерпул ќе му исплатат 160 милиони евра.
Кутињо пред себе ќе има голема задача да ја одбрани бразилската гордост во Барселона, бидејќи порано дресот на каталонците го носеа Ромарио, Роналдо, Ривалдо, Роналдињо и во поново време Нејмар.
– Ова е остварување на мојот сон, ова е неверојатно. Многу ми е мило што ќе можам да играм на овој стадион и што ќе ги бранам боите на Барселона. Нема да можам да им помогнам во ЛШ, но ќе го давам максимум во мечевите од Примера и кралскиот куп. Чест ми е што ќе можам да играм со Лионел Меси, а сакам да му се заблагодарам на претседателот Бартомеу кој не се откажа од мојот потпис и ме направи најсреќен човек. – изјави Кутињо.
Лекарските прегледи му открија повреда на бразилскиот репрезентативец на бутниот мускул и за деби во дресот на Барселона најверојатно ќе почека три недели.
OhridNews