Доаѓањето на нов преоден рок во случајов зимскиот значеше нова епизода во сапуницата Филипе Кутињо-Ливерпу-Барселона. Овој пат трите страни отидоа предалеку и целата ситуација не оди во прилог на никој, најмалку на Кутињо.

Бразилецот се одлучил незадоволството да го искажи со штрајк и да не тренира, а германскиот стручњак Јирген Клоп веднаш го префрлил на листата повредени фудбалери.

Барселона, пак, со помош на Најк и ефтини трикови сакаше да направи притисок на Ливерпул кој најави тужба за пуштање на дресот со името на Бразилецот во продажба.

„Црвените“ од Енфилд првично не сакаа да слушнат за трансфер на Кутињо, но откако кулминираше незадоволството кај фудбалерот тие прифатија со одреден услов за Барселона. Повеќе од половина од вкупната сума од целокупниот трансфер кој треба да достигне 150 милиони фунти каталонците да ја платат одма, а другото на рати следниов период.

Ливерпул на стартот од зимскиот преоден рок ги помести границите доведувајќи го Вирџил ван Дијк за 75 милиони фунти од Саутемптон.

OhridNews