Операцијата за санација на скршеницата на вилицата и другите повреди на лицето на Огнен Кузмиќ поминала во најдобар ред, пренесува Кошаркарскиот клуб Црвена Ѕвезда.

Кошаркарот на Црвена Ѕвезда настрада во сообраќајната несреќа која се случи неделата наутро и се наоѓа во една од клиниките во Белград. Тој и покрај санираните повреди на лицето ќе остане во индуцирана кома поради силните болки од тешките повреди.

  • Со операцијата отстранети се тешките повреди на лицетото и кошаркарот ќе може самостојно да дише штом одлучиме да не го чуваме во индуцирана кома. Здравјето на Кузмиќ е стабилно но тој е под 24 часовен надзор бидејќи има тешки повреди на целото тело. – стои во соопштението од Црвена Ѕвезда.

Очевидците од несреќата за медиумите од регионот изјавија дека автомобилот во кој се наоѓал Кузмиќ и неговиот пријател се превртел и излетал од патот. После собирањето на сите докази и изјави полицијата во Босна и Херцеговина ќе поднесе извештај за несреќата.

OhridNews