Синоќа во Гент, Белгија и Македонија одиграа нерешено 0:0 во натпревар од квалификациите за пласман на Светското првенство.

Домаќините доминираа во поседот и создадоа бројни шанси, но македонската одбрана беше максимално концентрирана, а голманот Столе Димитриевски одлично го чуваше својот гол

Македонија практично и не напаѓаше, но успеа да го зачува својот гол и да извлече вреден бод на гости.

По ремито во Гент, Македонија е на првото место во групата Ј со 12 бода од 6 натпревари, без ниту еден пораз. Белгија има 11 бода, но има и еден натпревар помалку. Велс е на третото место со 10 бода од 5 меча. Следат Казахстан и Лихтенштајн.

Според правилата: победникот на групата обезбедува  директен пласман на Светското првенство, додека второпласираниот ќе игра плеј-оф.

Белгија до крајот на квалификациите се среќава со Велс (на гости), Казахстан и Лихтенштајн.  Македонија ќе игра против Казахстан (дома), и на гости кај Велс во последното коло.

OhridNews