Македонија забележа убедлива победа над Лихтенштајн од 5:0 во натпреварот од квалификациите за пласман на Светско првенство, што се одигра вчера на арената “Тодор Проески” во Скопје.

Резултатот беше отворен во 15 минута со автоголот на  Бухел, со кој се отиде на одмор. Во вториот дел вистинска канонада кон голот на Лихтенштајн што резултираше со четири гола во мрежата на гостите: Барди ’52, Чурлинов ’56, Ќамили ’82 и Станковски ’90.

По 5 одиграни кола Македонија води на табелата во групата Ј со 12 бода, следат Белгија (-1) и Велс со 10, Казахстан со 3 и Лихтенштајн без бодови.

Македонија квалификациите ги продолжува на 10 октомври против Белгија на гости а три дена подоцна играме со Казахстан дома.

Г.М.

Фото: ФФМ