Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва на националната арена “Тодор Проески” во Скопје, одигра нерешено 1:1 со Белгија во натпревар од квалификациите за пласман на Светско првенство.
Избраниците на селекторот Милески бодрени од над 25000 навивачи, одиграа храбро и пожртвувано и заслужено стигнаа до голем бод против фаворитот Белгија.
Гостите ја имаа повеќе топката во своите нозе, но Македонија беше поопасен противник. Во 27 минута Елмас ја погоди стативата, на одбиената топка налета Алиоски но и неговиот удар заврши во стативата. Казната стигна две минути подоцна. Лукаку прими топка во шеснаесетникот која среќно стигна до Де Кујпер кој ја доведе Белгија во водство.
Во вториот дел Македонија го засили темпото. Црвено жолтие не се предаваа. Најпрвин ни беше поништен гол поради офсајд, но правдата стигна во 87 минута, Чурлинов одлично го проигра Алиоски кој на спектакуларен начин донесе израмнување.
По три кола Македонија има 5 бода. Лидер во групата Ј е Велс со 7 бода, по победата вечерва над Лихтенштајн со 3:0.
Квалификациите Македонија ги продолжува во понеделник на гости против репрезентацијата на Казахстан.
Г.М.