Италија и Шпанија одиграа 1:1 во дерби средбата од второтo коло во групата Г, во која се натпреварува и Македонија. На „Јувентус“ арената во Торино поведоа гостите по катастрофалната грешка на голманот Буфон. Стрелец на голот за „фуријата“ беше Витоло во 55 минута. Италија израмни од пенал во 82 минута преку Де Роси.
Репрезентацијта на Албанија рутински славеше на гостувањето кај Лихтенштајн со 2:0. Стрелци на головите беа Балај и Чука.
На табелата во групата Г по две одиграни кола води Албанија со максимални 6 бода пред Шпанија и Италија кои имаат по 4 бода, следи Израел со 3, а на дното се Македонија и Лихтенштајн без бодови.
OhridNews