Македонскиот ракометен шампион во женска конкуренција, Вардар ја договори Драгана Цвијиќ која моментално настапува во тимот на Будуќност.
Српската интернационалка во Јане Сандански ќе пристигне следната сезона, а дресот на македонскиот преставник во Лигата на Шампиони ќе го носи две години.
Цвијиќ која не се договори со Будуќност за продолжување на договорот ќе биде огромно засилување за Дејвис Камара и екипата која атакува на големи успеси секоја сезона.
Искусната ракометарка настапува на пикерската позиција, а нејзин заштитен знак е беспрекорната игра во одбрана.
OhridNews