Квартет „Сигнум“-индивидуална харизма споена во заедничко музицирање
01.08.26 09:17
Четворицата извонредни саксофонисти Михал Кнот, Јакопо Тадеи, Алан Лужар и Едоардо Зоти, обединети во квартетот „Сигнум“ беа вистинско летно освежување на „Охридско лето“ со својот концерт што го одржаа вчеравечер во црквата „Света Софија“.
Преку нивните импресивни виртуозни вештини публиката уживаше во музика од Хенри Персел, еден од најзначајните англиски композитори од епохата на средниот барок. Магичната вечер продолжи со гудачки квартет од Антони Дворжак аранжиран за квартет саксофони од страна на „Сигнум“, а заврши со двајцата великани во американската уметност, Џорџ Гершвиш и Леонард Бернштајн.
Тенор саксофонот Алан Лужар потсети дека овој ансамбл биле дел од програмата на „Охридско лето“ во 2015 година.
Многу се радуваме што по толку години повторно се враќаме во Охрид. Овде се чувствуваме прекрасно и драго ни е што ја делиме музиката со публиката. Квартетот саксофони е формиран пред 15 години, едноставно во студентските денови. Светот на саксофонистите е мал и така се запознавме. Свириме од 60 до 70 концерти годишно на сите континенти, рече Лужар.
Стилот што го негуваат како квартет „Сигнум“ претставува еден вид спој на повеќе жанри, со особена посветеност на музиката оригинално напишана за гудачки квартет, но и со афинитет кон рок- класиците на модерното време.
Веќе од првите тонови на нивната изведба, овие музичари започнуваат со вистински „огномет“, кој надополнет со емоции и постојана љубопитност да се преминуваат границите на музиката, прави тие да создаваат необично и уникатно ансамблово музицирање. Без разлика дали станува збор за оригинални композиции напишани за квартет саксофони или пак аранжмани на оркестарски дела, барокни композиции или рок-музика – љубовта со која „Сигнум“ им пристапува прави да можат убедливо да изведуваат музика од сите епохи и жанрови. Честопати се вели дека е тешко со зборови да се опише нивното мајсторско свирење – единствен начин е тоа да се доживее при изведбата во живо.
Во духот на големиот православен празник Свети Илија и македонскиот национален празник Илинден, утре (2 август) во селото Косел, кај Охрид, традиционално ќе се одржи големиот народен собир кај цркв...
Вчеравечер публиката во рамки на „Summer comedy marathon“ имаше можност да го погледне стендап шоу „BEST OF Stand Up“ на бродот Армада „BEST OF Stand Up“ донесе одлична комедија, езерска атмосфера ...
Сончево и топло со мала локална облачност Ќе дува слаб до умерен променлив ветер Во Охрид времето сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец Максималната температура до 33 степени ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.